„Македонија2025“ објавува повикот за апликации на Студиската програма за извршни директори и менаџери во Торонто, која се спроведува во соработка со chulich Executive Education Centre (SEEC) на York University.
Програма за студирање е дизајнирана да им обезбеди на македонските талентирани менаџери целосно комплетно искуство преку пристап до некои од најдобрите курсеви за менаџерско образование и оригинално деловно искуство во компании од Северна Америка. Меѓу критерумите за аплицирање на повикот е и пет годишно работно искуство на позицијата менаџер. Како што се наведува во повикот, „Македонија2025“ обезбедува целосна стипендија за искусни менаџери, директори и претприемачи.
Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање можете да најдете на следниот линк.