Македонската фудбалска репрезентација рано утрово пристигна во Македонија после историскиот пласман на ЕП.

Капитенот и херојот од финалиниот натпревар против Грузија, Горан Пандев уште еднаш кажа дека сонот и се остварил на сите и дека не верувал дека на 38 години ќе игра на едно Европско првенство.

„Јас би се надоврзал на селекторот, благодарност до сите што не пречекавте. Сонот ни се оствари, сите заедно се радуваме и да настапуваме на ова ЕП со победи. Знаеме сите дека поминавме долг пат до ова ЕП, навистина дечките го заслужија ова и уште не сме свесни што направивме. Среќни сме, во следните денови ќе се свестиме дека сме на ЕП. Уште ние фудбалерите фалевме да се пласираме на едно ЕП. Не верував дека на 38 години ќе се пласирам на едно ЕП. Добро што дојде овој коронавирусот, па ми ја продолжи кариерата уште малку. На цела Македонија ѝ се оствари сонот“, изјави Пандев.

ПРЕТХОДНА ВЕСТОва се најкатастрофалните земјотреси во светот
СЛЕДНА ВЕСТСе уште неизвесно дали Македонија ќе ги почне преговорите