Home МАКЕДОНИЈА На четиричлено семејство во јули му биле потребни 34 128 денари за да ги покрие основните потреби

На четиричлено семејство во јули му биле потребни 34 128 денари за да ги покрие основните потреби

0
На четиричлено семејство во јули му биле потребни 34 128 денари за да ги покрие основните потреби

На едно четиричлено семејство во јули му биле потребни 34 128 денари за да ги покрие основните месечни потреби, покажуваат податоците на синдикалната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Споредено со официјалните статистички податоци објавени за месечно исплатена плата во мај, трошоците на едно четиричлено семејство се поголеми за 5407 денари.

Најмногу пари или 14 417 денари во јули биле потребни за храна и пијалоци, а 10 826 денари за подмирување на режиските трошоци. За превоз минимум биле потребни 2528 денари, додека за хигиена 2381 денар. Остатокот е за обувки, облека, одржување на здравјето и за културни активности.