Здравствениот пасош не е новост – во Југославија беше познат како „жолт картон за вакцинација“, а за оние што патуваат во земји каде што постои опасност од заразни болести, тоа служи како потврда дека биле вакцинирани, објаснува епидемиологот Зоран Радовановиќ за „Спутник“.

Кога бев млад, на пример, ми требаше вакцина против колера за Бангладеш и траеше шест месеци. За Индија, морав да се вакцинирам против сипаници – заштитата официјално траеше три години. Можеме да претпоставиме дека вакво нешто сега ќе важи и во меѓународниот сообраќај – вели Радовановиќ.

Околу сто земји денес бараат лицето што доаѓа во земјата да биде вакцинирано против жолта треска. Разликата во однос на сегашниот здравствен пасош е што носителите на новиот ваков документ ќе бидат во голем број и, поради пандемијата, без потврда дека луѓето се имуни на оваа болест нема да можат да патуваат во многу земји.

Франција, Кина и Велика Британија планираат и предлагаат масовно воведување на здравствениот пасош.

Во овој момент не е утврдено колку трае заштитата од вакцината. Претпоставувам дека ова нешто ќе трае можеби до 2022 година во меѓудржавниот сообраќај и да речеме нема да можете да влезете во Франција ако немате таков пасош – вели Радовановиќ.

Тој ја споменува 2022 година како година за воведување здравствени пасоши затоа што, покрај вакцинирањето на целото население, треба да се види и колку ќе трае заштитата што ја дава вакцината, а тоа ќе биде познато по година-две.

За потребата од вакцинирање на целото население зборуваат и голем број странски експерти, кои изразуваат скептицизам во однос на масовната вакцинација во текот на следната година. Покрај ограничениот број на вакцини, тие исто така го нагласуваат отпорот кон вакцините и ги цитираат резултатите од неодамнешното истражување на „Галуп“ во кое се наведува дека само околу 58 отсто од американската популација се подготвени да се вакцинираат.
Целата статија  може да ја прочитате на: https://www.fakulteti.mk/news/29122020/kovid-pasosh-bez-potvrda-deka-sme-imuni-na-virusot-nema-patuvanje-vo-mnogu-drzhavi
ПРЕТХОДНА ВЕСТПризнание за македонски квалитет 2020 за 10 македонски економски амбасадори
СЛЕДНА ВЕСТПо долгогодишно преговарање, гасоводот преминува во стопроцентна сопственост на државата