За време на задолжителната обврска за носење маска на отворено, казни им беа изречени на 193.000 граѓани.

За време на задолжителната обврска за носење маска на отворено, која траеше речиси 7 месеци, на граѓаните им беа изречени 193.000 казни, при што во буџетот беа слеани околу 3,8 милиони евра.

Толкав е приближно вкупниот износ од казни во буџетот, под услов да се наплатени сите прекршоци од граѓаните, при што износот на глобата е 20 евра во денарска противредност.

Вкупната сума која се претпоставува дека е наплатена би можела значително да се намали, поради тоа што сите оние лица кои заработиле казна за не носење маска на отворено, истата можеа да ја платат за двојно помалку (10 евра во денарска против вредност), ако тоа го сториле во рок од седум дена.

Инаку, Владата вчера ја укина мерката задолжително носење маска на отворено, а одлуката стапува на сила од денеска. Сепак, нема така лесно да се ослободиме од маските, поради тоа што сега тие остануваат задолжителни само на затворен простор и на отворено доколку има поголемо групирање.