За прв пат од почетокот на пандемијата, капацитетите на единиците за интензивна нега во болниците во Стокхолм се пополнети 99 отсто, пренесува „Би-би-си“.

Од 160 кревети за интензивна нега во главниот град на Шведска, пет до седум кревети беа слободни во средата, пренесува локалниот весник „Афтонбладет“.

„Ни треба помош“, рече Бјорн Ериксон, директор на здравствените установи во Стокхолм.

Тој рече дека 814 пациенти во моментов се лекуваат од коронавирус во болниците.

Во Шведска од почетокот на пандемијата починаа повеќе од 7.200 луѓе како резултат на вирусот, а земјата не воведе национален карантин или строги мерки.

ПРЕТХОДНА ВЕСТФилипче и Коцарев разговараа за зголемување на капацитетите за тестирање за Ковид-19 во МАНУ
СЛЕДНА ВЕСТИнспекциските служби најавуваат зајакнати контроли за новогодишните празници