Ваквото не почитување на мерките за заштита од коронавирусот беше санкционирано од државниот пазарен инспекторат, па покрај тоа што објектите им се затворени, тие ќе си платат и казна, информираше претседателката на инспекцискиот совет Филиповска-Грашковска, која најави засилени инспекциски контроли за време на новогодишните празници.

Пазарните инспектори донесоа четири решенија за забрана за работа на четири угостителски објекти и тоа три во Скопје и еден во Гостивар, каде што е констатирано не почитување на протоколот, бидејќи истите работеле по 21 часот со повеќе гости на маса од дозволеното.

Апсолутно ќе има засилени инспекциски контроли, меѓутоа пред се ќе зависи какво ќе биде решението, инспекциските служби не учествуваат во процесот на носење на одлуки, дали ќе има промени во работењето на угостителските објекти

Согласно протоколите за заштита од вирусот не се постапува ниту во маркетите, месарниците и останатите места каде што граѓаните се снабдуваат со намирници, кои не правилно се складираат и чуваат. Инспекторите за храна и ветеринарство донеле решенија за санкционирање, а изречени се и речиси дваесет опомени пред казна.

Констатирани се неправилности во однос на неизвршени здравствени прегледи, не спроведува на општи хигиенски мерки и не правлино складирање на храната. Донесени се пет решенија и 19 едукации.

Шестте инспекциски одделенија во изминативе неколку дена извршиле околу 4500 контроли и надзори, а 3000 од нив ги извршил пазарниот инспекторат. Вкупно , инспекциските служби последнава недела изрекле 30 прекршочни пријави и 44 решенија и прекршочни платни налози

 

ПРЕТХОДНА ВЕСТКолапс на шведскиот модел, креветите за интензивна нега пополнети за прв пат од почетокот на пандемијата
СЛЕДНА ВЕСТПродолжен рокот за образец за ослободување од плаќање месечни аконтации за данок на добивка