Олигархот Владимир Потањанин, сопственикот на „Норникеj“, успеал да заработи богатство од 30 милијарди долари, нешто што досега не му успеа на ниту еден граѓанин на неговата земја.

Рускиот олигарх Владимир Потањанин кој има 60 години постави апсолутен рекорд за богатство меѓу руските милијардери, бидејќи, според магазинот Форбс, тој заработил неверојатни 6,4 милијарди долари за само два месеци.

Неговото богатство сега се проценува на 30 милијарди долари, што значи дека никој од рускиот список на Форбс досега не го достигнал тоа ниво.

Списанието го поврзува растот на богатството на бизнисменот со зголемувањето на цената на акциите на компанијата „Норникеj“, која му припаѓа на Потањанин. Имено, цената на акцијата на компанијата достигна 26.290 рубли (околу 300 евра).

Во јуни минатата година, според проценките на Форбс, Потањанин имал 26,1 милијарди долари.

Тој инаку го критикуваше и Владимир Путин за излевањето на дизел гориво во арктичкиот регион.

Потањанин по професија е економист, тој е оженет со Екатерина Потањанин со која има три деца.

ПРЕТХОДНА ВЕСТТри животни приказни штотуку станаа посреќни благодарение на Милионер Џек Пот
СЛЕДНА ВЕСТАмазон и Алибаба се владетели на глобалната трговија преку Интернет