Економијата силно закрепнала кога деловните активности продолжиле и покрај пандемијата на Ковид-19 и едномесечната вонредна состојба.
Во периодот од април до јуни, активностите потонале за рекордни 28,8 проценти.
Личната потрошувачка скокнала за 4,7 проценти во периодот од јули до септември во споредба со претходниот квартал кога потонала за 8,1 процент, се вели во владиното соопштение.
Лоша вест е падот на инвестициите на компаниите за 3,4 проценти, втор квартал по ред.
Извозот пораснал за седум проценти, откако потонал за 17,4 проценти во претходниот квартал.
Увозот паднал за 9,8 проценти. Во периодот од април до јуни, тој пораснал за 2,2 проценти.
Економијата била сериозно погодена од пандемијата на коронавирус и од зголемувањето на стапката на данок на додадена вредност (ДДВ) во октомври минатата година, од осум на 10 проценти.
Циклусот на постепено покачување на ДДВ започнал во април 2014 година, кога владата на тогашниот премиер Шинзо Абе ја зголеми стапката од пет на осум проценти за прв пат по 17 години.
Абе поднесе оставка во септември поради здравствени проблеми, а за време на неговиот мандат, моментумот на економијата беше отежнат од стагнацијата на платите и слабото расположение на потрошувачите.
Потрошувачката на домаќинствата опаднала во септември дванаесетти месец по ред, за 10,2 проценти во споредба со истиот период минатата година, иако владата му плати 100.000 јени (956 долари) на секој жител за да го поддржи пандемското закрепнување.
Јапонија успеала да го избегне експлозивното ширење на инфекцијата, забележано во Европа и Соединетите држави. Тие забележале вкупно 119 илјади случаи на инфекција и околу 1900 смртни случаи поврзани со ковид-19.