Home МАКЕДОНИЈА Годинава украдени 516 велосипеди во Скопје

Годинава украдени 516 велосипеди во Скопје

0
Годинава украдени 516 велосипеди во Скопје

Од почетокот на годинава до октомври, во Скопје се украдени 516 волесипеди. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, за изминативе десет месеци најмногу украдени велосипеди има во октомври и тоа 119. Во август биле украдени 95, а во септември 89. Најмалку кражби имало во март, април и мај, кога на сила беше полицискиот час. Во март биле пријавени за украдени 20 велосипеди, во април 8, а во мај 18.

„Од вкупно 516 пријави за украдени велосипеди, 82 се кражби на велосипед, а 434 тешка кражба на велосипед“, велат до Министерството за внатрешни работи.

За прв пат кај нас од овој месец осигурителната компанија „Еуролинк осигурување“ воведе осигурување на велосипеди и велосипедисти. Полисата за осигурување на велосипедисти и велосипеди нуди осигурување при незгода, одговорност кон трети лица и каско за велосипеди. Каското за велосипеди на „Еуролинк‘овозможува финансиска надокнада при кршење на велосипедот, оштета и најважно кражба, без разлика каде настанала кражбата.