Рестораните нема да ги отворат вратите в среда, 20 јануари и ќе останат затворени уште неколку недели. Според информациите објавени во француските медиуми, извршната власт веќе ја донела својата одлука и датумот на повторно отворање, кој беше одреден на крајот на ноември од страна на Емануел Макрон е одложен.

Изутринава за радиото Европа 1 министерот задолжен за мали и средни претпријатија Алан Гризе потврди дека со оглед на развојот на епидемијата, не е предвидено отворање на рестораните.  

Кино салите и театрите исто така ќе останат затворени на 7 јануари.

Мала утеха за сопствениците на рестораните, владата објави дека мерките за помош ќе бидат продолжени колку што е потребно.

ПРЕТХОДНА ВЕСТУЈП денес треба да го објави списокот на компании кои не исплатиле плати од државната помош
СЛЕДНА ВЕСТСо институциите не треба да раководи оној кој е посакуван, туку оној кој е најпотребен