Home СВЕТ Фолксваген и БМВ казнети со 875 милиони евра

Фолксваген и БМВ казнети со 875 милиони евра

0
Фолксваген и БМВ казнети со 875 милиони евра

Европската комисија во четвртокот ги казни германските производители на автомобили Фолксваген и БМВ со вкупни 875 милиони евра за спојување во картел за да се спречи конкуренцијата во технологијата за прочистување на јаглерод диоксид од издувните гасови на дизел моторот.

Во картелот имало пет производители на автомобили: Дајмлер, кој произведува Мерцедес, БМВ и Фолксваген, Ауди и Порше, кои се дел од групацијата Фолксваген.

Дајмлер го откри постоењето на картелот пред Комисијата и беше ослободен во целост. Фолксваген е казнет со 502 милиони евра, а БМВ со 373 милиони евра.