Во врска со тековните случувања поврзани со Еуростандард банка, а со цел правилно информирање на нашите клиенти и соработници, Еуролинк осигурување потврдува дека нема никаква капитална или друга поврзаност со Еуростандард банка.

„Еуролинк осигурување АД Скопје од 31.03.2020 е во 100% сопственост на Grazer Wechselseitige Versicherung AG (GRAWE Group) со седиште во Грац, интернационална компанија со осигурителна традиција долга повеќе од 190 години. Оттука, сакаме да ги информираме сите наши осигуреници и соработници дека одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка нема и ниту ќе има ефект врз нашето работење.

Еуролинк осигурување изнајмува деловни простории во сопственост на Еуростандард банка, каде е сместена нашата Централа, и истата продолжува да работи без прекин и пречки, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

За сите дополнителни информации за осигурениците на Еуролинк осигурување на располагање стои нашиот Контакт центар достапен 24/7 на 02/15888, а за дополнителни информации за јавноста достапни сме на komunikacii@eurolink.com.mk.“, се вели во соопштението на Еуролинк осигурување АД Скопје.

ПРЕТХОДНА ВЕСТДоларот со најголем пад од септември 2010
СЛЕДНА ВЕСТСите пензии ќе се исплаќаат преку банка, оние кои ги земале преку пошта на домашна адреса да си отворат трансакциска