Манифестацијата се одржува 17 години, во организација на пчеларското здружение „Матица“.
Дегустација на мед и можност да се купи мед и различни видови на пчелини производи на традиционалната манифестација „Денови на медот“. Манифестацијата се одржува на улица Македонија во центарот на Скопје, а учествуваат пчелари од цела земја.
Традиционално во „Деновите на медот“ посетителите ќе можат и да побараат совети од домашните пчелари за употребата и лековитите дејства на медот и производите кои секоја година се нудат на овој вид саем на медот.