Во последните неколку месеци, „Audi“ воведе неколку електрични возила, вклучувајќи ги „e-tron GT“, „Q4 e-tron“ и „Q4 Sportback e-tron“, што покажува дека во блиска иднина компанијата ќе се потпира само на вакви модели.

Според „Sueddeutsche Zeitung“, производителот со седиште во Инголштад ќе престане да развива нови модели со бензински и дизел мотори во 2026-та година.

Германското издание се повикува на извршниот директор на „Audi“, Маркус Дуисман, кој призна дека неговата компанија ќе продолжи да користи мотори со внатрешно согорување и по овој датум, но тие ќе останат само на постојните модели.

Треба да се напомене дека Дуисман не ја посочува конкретно 2026-та година, но вели „за неколку години“. Сепак, „Reuters“ се повикува на свои извори од компанијата, кои се категорични дека одлуката е веќе донесена и за 5 години „Audi“ целосно ќе го запре развојот на конвенционалните погонски системи за да се фокусираат целосно на електрични возила.

Интересно, по 2026-та година, „Audi“ ќе престане да развива хибридни погонски системи за да се фокусира целосно на електричните единици. Неколку други производители веќе се потпираат на таквата стратегија, додека други веруваат дека „plug-in“ хибридите се „мост кон иднината“, бидејќи потрошувачите сè уште не се подготвени да се префрлат на целосно електрични возила.

ПРЕТХОДНА ВЕСТЕвропската инвестициска банка ќе овозможи 100 милиони евра за македонските мали и средни фирми
СЛЕДНА ВЕСТФилипче очекува до крајот на летово да стекнеме колективен имунитет