Home МАКЕДОНИЈА Започна уривањето на платформите на најатрактивните плажи на брегот на Охридското Езеро

Започна уривањето на платформите на најатрактивните плажи на брегот на Охридското Езеро

0
Започна уривањето на платформите на најатрактивните плажи на брегот на Охридското Езеро

Утрово започна отстранувањето на платформите и урбаната опрема на најатрактивните плажи на Охридското крајбрежје, кои влегуваат опфатот на Генералниот урбанистички план (ГУП), пренесува „Охрид њуз“.

Ќе се отстранува платформата на познатата плажа „Куба Либре“. Активностите се одвиваат под силно полициско обезбедување.

Акцијата следува по најавата на градот Охрид дека ќе бидат отстранети сите објекти на кои им се истечени договорите за концесија, и нема да се дозволи нивна работа.

Најпрво објектите на плажите кои се во централното градско подрачје беа исклучени од системот на електрична енергија, по што следуваше остранување на платформите.