Ширењето на криптовалутите без јасни регулативи е причина за загриженост затоа што може да го наруши начинот на функционирање на финансискиот пазар, изјави денеска шефот на италијанскиот берзански регулатор, Паоло Савона, предупредувајќи дека во светот циркулираат помеѓу 4.000 и 5.000 дигитални валути чие тргување воопшто не е регулирано.
Савона им се придружи на голем број лидери на финансиски институции кои се за поголемо регулирање на овој сегмент на пазарот, нагласувајќи дека крипто-валутите можат да олеснат нелегални активности како што се перење пари, па дури и да ја нарушат способноста на централните банки да водат монетарна политика, пренесe Ројтерс.

„Без соодветен надзор, транспарентноста на пазарот може да се влоши, што е основа на легитимност и рационален избор за операторите (на пазарот)“, рече Савона, претседател на италијанската комисија за пазар на капитал, „Консоб“, претставувајќи го годишниот извештај на надзорното тело.

Европа и Соединетите држави работат на прописи за регулирање на дигиталните средства и нивните добавувачи, бидејќи инвеститорите бараат нови основни правила.

ПРЕТХОДНА ВЕСТ10-те најголеми нафтени компании успеаја да ја надминат кризата
СЛЕДНА ВЕСТХотелиерите очекуваат најмалку уште една тура ваучери