За една година дизел горивото поскапело за речи си 30% а бензинот за 24%, покажува анализата на движењето на малопродажните цени на нафтените деривати.  Ако во мај лани, за литар дизел сме плаќале 45,5 денари, годинава, литар од ова гориво на бензинските од утре ќе се точи за 59 денари.
Во мај лани, литар бензин чинел 54 денари, а од утре ќе се точи по 67 денари за еден литар.

Главна причина за зголемените цени се движењата на цените на суровата нафта на светските берзи. Таму, ако барел нафта во мај лани чинел околу 30 долари, во моментов цената на буре сурова нафта на берзата во Лондон се доближува до 70 долари.