Во Женева од овој месец ќе се исплаќа највисока минимална месечна плата на светот. Ова беше одобрено и на референдумот што се одржа во септември.

Еден час работа отсега ќе се наплаќа 23 швајцарски франци, што е рамно на 22 евра, со што минималната месечна плата ќе изнесува 4.000 франци (3.736 евра).

Женева, меѓутоа е и скап град. Изнајмување соба чини 1.000 франци месечно, здравственото осигурување е 500 франци за едно лице.

Новата минимална плата е обврзувачка за сите компании и работодавци не зашто владата ја наметна, туку зашто граѓаните ја предложија како „иницијатива на народот“. Тие собраа доволно потписи за свикување референдум, на кој иницијативата доби поддршка од 58% гласачи, чиј збор е конечен во швајцарскиот систем на директна демократија.

На ниво на држава, најголема минимална плата во Европа имаат Луксембург (2.200 евра), Ирска (1.700) и Холандија (1.650).

ПРЕТХОДНА ВЕСТУЈП: Фирмите може да исплатат плати веднаш, а потоа да направат корекција на МПИН образецот
СЛЕДНА ВЕСТЕксминистерката Нина Ангеловска се врати на чело на Асоцијацијата за е-трговија