Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Температурата ќе се движи во интервалот од 31 до 39 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 36 степени.

Потоа утре ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во петок како и за време на викендот во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите ќе се намалат за неколку степени и малксималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени.

ПРЕТХОДНА ВЕСТНа Исланд со години тестирале четиридневна работна недела, резултатите се одлични
СЛЕДНА ВЕСТЗа најпогодените сектори 10 милиони евра преку бескаматната кредитна линија „КОВИД 4“