Се поголем е бројот на корисници на средства од ИПАРД  2 програмата во Делчевско. Еден од оние кои имаат добиено солидна финансиска поддршка преку инструментот за претпристапна помош за рурален развој е делчевецот Љупчо Николовски, кој аплицираше за набавка на агротехнички помагала.

Корисник сум на средства од ИПАРД 2 програмата и ми се одобрени средства преку мерката 1 во делот на инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства за набавка на четвобразден лозарски плуг агробар, атомизер, агромеханика, фреза со кардан и ѓубре растурач со кардан агримерин. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 211 илјади денари, истакна Николовски.
Од оваа инвестиција, како што додава Николовски, над 70 отсто од средствата се вратени на неговата сметка.
Од споменатите 211 илјади денари за набавка на механизацијата ми се вратени околу 142 илјади  денари. Ова за мене се сериозни средства и инвестиции, со кои како домашните земјоделци сме поконкурентни и со намалени трошоци и време за обработка на земјоделските површини, додава Николовски.
Николовски обработува 2 хектара земјоделско земјиште на кое одгледува овошни култури, сливи и круши. За поефикасно обработување на овоштарникот, аплицирал и добил договор за набавка на механизација од ИПАРД програмата.