Најголемата криптовалута во светот, биткоинот, падна под 40.000 долари минатата вечер, првпат во последните 14 недели, бидејќи продолжи големата продажба што започна пред седум дена.

 

Според CoinDesk, биткоинот изгубил над 13 проценти од својата вредност, падна на 38.585,86 долари во трговијата околу 12:54 часот по источно време, известува CBNC. Тоа е најниско ниво од 9 февруари, кога последен пат се тргуваше по цена пониска од 40.000 долари.

Продажбата беше поттикната од негативните вести минатата недела, кога извршниот директор на Тесла, Илон Маск, објави дека компанијата го прекинала купувањето на своите возила со биткоин, повикувајќи се на еколошки проблеми во врска со процесот на „ископување“ на компјутер што троши огромна количина електрична енергија.

Коментарите на Маск доведоа до фактот дека над 300 милијарди долари беа избришани од целиот пазар на криптовалути тој ден. Најавата за суспендирање на плаќањата со биткоин следеше само три месеци откако „Тесла“ откри дека купил биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари и дека ќе започне да ја прифаќа оваа валута како платежно средство.

И покрај последниот пад, биткоинот е сè уште во минус за повеќе од 40 проценти од почетокот на годината до денес, додека во последните 12 месеци тој доби 320 проценти.

И другите криптовалути паднаа синоќа. Етерот, дигиталната валута што управува со блок-синџирот Ethereum, потона скоро 15 проценти до 3.001,70 американски долари синоќа во 1:15 часот по источно време.

Догекоинот падна за повеќе од 18 проценти на 0,4076 долари, покажуваат податоците на платформата Coinmarketcap.com.

Во последните 24 часа, околу 279,65 милијарди долари беа избришани од целиот пазар на крипто-валути, пренесува CNBC.