Германските обвинители заплениле биткоини вредни повеќе од 50 милиони евра од еден измамник, но тие не можат да ги „отклучат“ парите, бидејќи тој не сака да им ја даде лозинка за пристап.

Обвинителот во баварскиот град Кемптен, Себастијан Мурер, го потврди случајот со човек осуден за измама, кој за целиот престој во затворот не сака да го каже кодот за пристап до парите, кој полицијата постојано се обидува да го открие и да добие пристап до повеќе од 1.700 биткоини.

„Го прашавме, но тој не го кажа, а можеби дури и не го знаеше“, изјави обвинителот за Ројтерс.

Измамникот беше осуден на повеќе од две години затвор за тајно инсталирање на софтвер на други компјутери со цел да ги користи за „копање“ или за производство на биткоини.

Биткоинот се чува во софтвер познат како дигитален паричник кој е обезбеден со криптирање. Лозинката се користи како клуч за дешифрирање, отворање на паричникот и пристап до биткоините. Кога лозинката е изгубена, корисникот не може да го отвори паричникот.

Кога измамникот беше ставен зад решетки, неговата залиха на биткоини вредеше колку дел од сегашната вредност на оваа криптовалута. Цената на биткоинот се зголеми во текот на изминатата година, достигнувајќи рекордни 42.000 долари во јануари, но властите сепак се обезбедија мажот да не може да пристапи до оваа сега голема сума пари, пишуваат од агенцијата.