Нов скок бележат цените на нафтените деривати. Поскапуваат и бензините но и дизелот.

До следниот понеделник, бензините ќе се плаќаат поскапо за денар и половина а дизелот за 2 ден/литар.

Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се точи за 73,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе чини 75,5 денари.

Од друга страна дизелашите ќе плаќаат 65 денари за литар дизел.