Home БИЗНИС КОМПАНИИ Макпетрол започна со исплата на дивиденда од 2.000 денари по акција

Макпетрол започна со исплата на дивиденда од 2.000 денари по акција

0
Макпетрол започна со исплата на дивиденда од 2.000 денари по акција

Компанијата Макпетрол АД во текот на вчерашниот ден преку објава на веб страницата на Македонска берза, ги извести сите иматели на обични акции за тековната исплата на дивиденда.

Согласно Одлука број 0201-28/2-3 од 26.5.2021 година, донесена на XXV-тото годишно Собрание на акционери, ќе врши исплата на дивиденда во пари, во бруто-износ од 2.000 денари по акција, со датум на пресек на акционерската книга 15.6.2021 година.

Исплатата на дивиденда започна на ден 31.8.2021 година, а вкупниот износ на средства одвоени за оваа намена изнесуваат 202.288.000 денари, односно 2.000 денари бруто, по акција.