Ирска– Ирска вчера одби да ја потпише изјавата со која се воведува глобален минимален данок од 15 проценти за да се избегнат даночните оази за мултинационалните компании, што ја поддржуваат од 130 од 139 земји што преговараат.

Изјавата, поддржана од 130 земји, е издадена од Париската организација за економска соработка и развој (ОЕЦД), која предвидува глобална минимална даночна стапка од 15 проценти и поголемо оданочување на најголемите мултинационални компании во земјите во кои оставариле профит.

Ирскиот министер за финансии Пашал Донахју, кој преговара во име на Даблин, изјави дека Ирска во принцип го поддржува договорот и ќе продолжи да преговара.

-Денеска не бев во позиција да се приклучам кон консензусот за договор и специфичната глобална даночна стапка од најмалку 15 проценти, кажа ирскиот министер.

„Јас ги искажав резервите на Ирска, но останувам посветен на процесот и барам да најдам исход што Ирска се уште може да го поддржи“, додаде тој.

Со стапката на данок на добивка од 12,5 проценти, Ирска успеа да привлече некои од најголемите мултинационални компании и може да изгуби повеќе од повеќето земји доколку се усвои предлогот.

Донахју, кој е и претседател на еврозоната, кажа дека го поддржува „Првиот столб“ со кој се предвидува прераспределба на дел од данокот на земјата каде што се остварила добивката бидејќи тоа „ќе донесе стабилност и безбедност во меѓународната даночна рамка“

Тој претходно изјави дека сака договорот да им овозможи на помалите земји да користат даночна политика како средство за компензација на природните придобивки што ги уживаат поголемите земји за привлекување поголеми инвестиции и компании.