Сеизмолошкиот завод објави дека бил 4,2 степени според Рихтеровата скала.

„Утрово, на 4 јануари 2021 година, во 7 часот и 49 минути, сеизмолозите од Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа прилично силен земјотрес со епицентар кај Петриња. Јачината на земјотресот беше 4,2 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот од V-VI степен на ЕМС-скалата. Земјотресот се почувствува во централна Хрватска“, соопшти Сеизмолошката служба.

Разорен земјотрес ја погоди Хрватска на 29 декември, а најмногу страдаа Петриња, Глина и Сисак.

Во земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала тогаш загинаа седум лица, меѓу кои и дванаесетгодишно девојче, беа повредени многу луѓе и беше предизвикана материјална штета.

Овој земјотрес беше почувствуван во регионот.

Оттогаш, секојдневно се регистрираат помали земјотреси во Хрватска.

ПРЕТХОДНА ВЕСТТуристичко-угостителскиот сектор без поголема поддршка го очекува колапс
СЛЕДНА ВЕСТУЈП денес треба да го објави списокот на компании кои не исплатиле плати од државната помош