Вакцините се веќе дистрибуирани, околу 50-тина илјади веќе во понеделникот беа дистрибуирани и денеска се спроведува имунизација во сите градови.

Вклучени се и центрите за масовна вакцинација, тоа се спортските сали и здравствените домови, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Вчера се покрена едно прашање околу документацијата, дозволите итн. Сакам да објаснам дека граѓаните треба да бидат спокојни и не постои шанса да се пушти кој било лек во промет вклучувајќи и вакцина доколку за тоа одобрение не даде Агенцијата за лекови. Ние аплицираме со соодветната документација која што е потребна и за увоз на лекот, а таа стигнува и пред да стигнат вакцините во Агенцијата за лекови, така што станува збор за административен процес, изјави Филипче.

ПРЕТХОДНА ВЕСТПреку „МојДДВ“ кај граѓаните за две години се вратени 36,3 милиони евра
СЛЕДНА ВЕСТСметките за струја ќе останат на слично ниво со намалувањето на ДДВ за струјата