Германскиот министер за здравство Јенс Шпан очекува вакцинирањето против коронавирус да започне уште во текот на оваа година.

„Постои повод за оптимизам дека уште во текот на оваа година ќе биде издадена дозвола за употреба на вакцина во Европа, по што можеме да почнеме со имунизација”, изјави Шпан за  радио-мрежата Дојчланд. Министерот ги замолил покраините да извршат опремување на центрите за вакцинирање за да бидат подготвени за стартување во средината на декември.

И министерот за финансии Олаф Шолц се надева на почеток на вакцинирање оваа година. „Ги извршивме неопходните подготовки, мислам дека со вакцинирање ќе започнеме побрзо отколку што мислевме пред извесно време”, изјави вицеканцеларот синоќа за „Билд”.

Повеќе на темата:

„Модерна“ има вакцина со 94,5% успешност, СЗО повикува на внимателност

Меркел откри кој ќе има приоритет за корона-вакцина во Германија

Студија: Мнозинство од населението би примило корона-вакцина

„Бионтек“: Турското семејство кое ја создаде вакцината против коронавирусот

Шпан е оптимист дека вакцинирањето во сите групи од населението нема да се одолговлече дури до крајот на 2021 година, со оглед што  за многу од потенцијалните вакцини не се потребни ладилници со многу ниски температури, тие можат да бидат користени и во обичните лекарски ординации. „Постапката ќе тече брзо – не заборавајте дека секоја година за неколку седмици се вакцинираат 20 милиони луѓе против грип”, истакна Шпан. Министерот најави отворање интернет-платформа за достигнатите квоти на вакцинација, класифицирани според старост и региони.

„Тогаш, кога ќе се постигне висока квота на вакцинирање кај посебно загрозените групи од населението, ќе можеме етапно да ги олабавуваме воведените ограничувања”.

Германија, преку Европската комисија или преку склучување билатерални договори и опции во меѓувреме има обезбедено преку 300 милиони дози од идните вакцини. „Дури и при употреба на две дози за вакцинирање на едно лице, ќе располагаме со доволни количини за сопственото население, а ќе можеме да ги споделуваме и со други земји”, истакна Шпан.

ПРЕТХОДНА ВЕСТДизелот поскап, а еуросупер БС-95 поевтин за половина денар
СЛЕДНА ВЕСТСкопје Сити Мол стартува со Black Friday Week