Досега оваа вакцина се произведуваше во фабрика во Белгија, чиј мал производствен капацитет, а голема побарувачка предизикаа проблеми во доставата на договорените количини.
Француската компанија „Санофи“ им ја отстапи својата фабрика во Германија на „Фајзер“ и „Бионтек“ за производство на нивната вакцина против ковид-19.
Така, за првпат, еден производител ќе прави вакцина за друга компанија.
Во соопштението од „Санофи“ се вели дека на германскиот „Бионтек“ му ја ставаат на располагање својата најсовремена инфраструктура во Франкфурт за производство на повеќе од 125 милиони дози.
Француската фармацевтска компанија, исто така, развива своја вакцина против ковид-19, која се уште не е готова.
Германската лабораторија „Бионтек“ вчера објави дека ќе ја забрза испораката на вакцини во Европската Унија и вети 75 милиони дополнителни дози во вториот квартал од годината.
Според најавите, испораките ќе се зголемат од недела, 15 февруари.
Целта е да се испорача количината за која се обврзаа во првиот квартал, како и „до 75 милиони дополнителни дози за ЕУ во вториот квартал“, според постојните договори, се наведува во соопштението потпишано од финансискиот директор на „Бионтек“, Сиерко Петинг.