Речиси 32 милијарди литри пиво со содржина на алкохол се произведени во Европската унија во 2020-та година, според податоците на Еуростат. Производството на безалкохолно пиво во ЕУ минатата година достигна 1,4 милијарди литри.

Во споредба со 2019-та година, производството на алкохолно пиво се намали за 8%, a она со содржина на алкохол под 0,5% останува непроменето.

Вкупното производство на пиво по глава на жител во ЕУ достигнува 74 литри годишно.

Германија останува најголем производител на пиво во Заедницата со волумен од 7,5 милијарди литри во 2020-та година. Ова претставува 24% од вкупното производство на ЕУ, односно едно од четири пива се произведува во германски пиварници.

На второ место е Полска со 3,8 милијарди литри, потоа Шпанија (3,3 милијарди литри), Холандија (2,5 милијарди литри), Франција (2,1 милијарди литри), Чешка (1,8 милијарди литри) и Романија (1,7 милијарди литри).

Највисок раст на производството на годишна основа е забележан во Словачка за 25%. Во Италија, од друга страна, падот е речиси преполовен во споредба со нивото на 2019-та година.

Водечки извозник на пиво во ЕУ е Холандија, извозот на земјата изнесува 1,9 милијарди литри, или 21% од вкупниот износ за Унијата. Вклучува и пиво извезено во други земји-членки и во трети земји.

На второ и трето место се Белгија (1,7 милијарди литри) и Германија (1,5 милијарди литри).

Главните дестинации на кои се извезува европско пиво се САД (895 милиони литри, или 22% од извозот во трети земји) и Обединетото Кралство (881 милиони литри, или 21%).

Најголем увозник на пиво е Франција со околу 800 милиони литри во 2020-та година, потоа следи Германија со 700 милиони литри.

Објавувањето на Еуростат е по повод Меѓународениот ден на пивото, кој се слави секоја година во првиот петок во август.