Според најновите информации, моменталната вредност на биткоинот е 31 400 американски долари.

По најновите турбуленции на пазарот на криптовалути, се очекува натамошен пад. Пазарот на криптовалути се проценува дека претрпел загуба близу трилиони долари.

Биткоинот во средата изгуби скоро третина од својата вредност, паѓајќи на најниско ниво оваа година, бидејќи веста за понатамошно ограничување на трансакциите со дигитални валути во Кина предизвика голема продажба на пазарот на криптовалути.

На вредноста на биткоинот значително влијаеше одлуката на Илон Маск дека компанијата „Тесла“ повеќе не прифаќа биткоин како платежно средство.

Останатите криптовалути исто така забележаа голем пад на вредноста, а вредноста на Dodgecoin падна за скоро 50% на околу 0,24 долари.

Вредноста на целиот пазар на криптовалути претрпе загуба од стотици милијарди долари.

ПРЕТХОДНА ВЕСТСтопанска банка АД – Скопје со донација на вредна медицинска опрема за Клиниката „Св. Наум Охридски“ – Скопје
СЛЕДНА ВЕСТПрва научна конференција на МФ и МАНУ за предизвиците на Ковид-19 и идните економски политики