Владата на седница вчера донесе Одлука за дополнување на Одлуката за отворање посебна наменска сметка за лицата кои не ги ажурирале податоците до законски предвидениот рок и кои поради тоа не се најдоа на листата за финансиска поддршка од 6.000 денари од четвртиот пакет мерки, кои се наменети за граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

– Проектираните 27 милиони евра ќе пристигнат до сите граѓани. Во однос на банките, имаше апел од Владата за толеранција во роковите, додека да заврши процесот на исплата. Банките се повикуваа на законскиот рок, 25 декември, и затоа со вчерашната одлука на Владата го надминуваме и тој проблем со измена на законот, со што се продоклжува рокот за ажурирање на податоците за да може граѓаните да ги добијат парите. Процесот очекуваме да заврши во јануари, откако претходно, се разбира, ќе помине во Собрание, рече владиниот портпарол Душко Арсовски денеска на прес-конференција.

ПРЕТХОДНА ВЕСТЗаев: Државата е финансиски ликвидна, наплатата на основните даноци е поголема
СЛЕДНА ВЕСТБочварски: Напролет ќе се градат делниците на експресниот пат Градско-Прилеп