Владата донесе Одлука за давање на претходна согласност на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој, да го разреши Јован Деспотовски од должноста директор на Фондот за иновации и технолошки развој, на негово барање.
Деспотовски од СДСМ е дипломиран економист, долгогодишен член на раководството на СДСМ и еден од најблиските соработници на Радмила Шеќеринска со која работеше во Секретаријатот за европски прашања.