Германскиот министер за стопанство Роберт Хабек изјави дека проектот на гасоводот Северен тек 2 е грешка во геополитичка смисла и предупреди дека, во случај на руска ескалација во Украина, тој ќе биде прекинат.

Хабек за неделното издание на германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг предупреди дека и Русија, ако влезе во Украина, ќе мора да сноси тешки последици.

„Секоја понатамошна воена агресија не може да помине без остри последици“, кажа тој.

Оценувајќи дека гасоводот од секогаш бил геополитичка грешка, Хабек истакна дека сите европски земји, освен Германија и Австрија, биле против него.

Тој кажа дека на претходната влада се вршел голем притисок да го одобри Северен тек 2, но дека гасоводот сè уште не е пуштен.

ПРЕТХОДНА ВЕСТДобри резултати на компаниите во ТИР зоните
СЛЕДНА ВЕСТНема предвремен зимски распуст, активни 5377 Ковид случаи