Владата на Ел Салвадор планира да изгради „Биткоин град“ во близина на вулкан, а проектот ќе го финансира со криптовалута објави претседателот на земјата, Наџиб Букеле.

Градот ќе има станбени и комерцијални квартови, услуги, забава, ресторани и аеродром и ќе биде изграден во близина на вулканот Кончагва на југоистокот на земјата. Изградбата на „Биткоин град“ ќе полне во 2022 година, а градот ќе нема данок освен ДДВ.

За потсетување, Ел Салвадор во јуни годинава усвои закон со кој земјата стана прва во светот што го прифатила биткоинот како законско средство за плаќање. Но, дел од жителите на Ел Салвадор не го прифатија тој потег на власта.

Во септември илјадници луѓе излегоа на протести против новиот закон, стравувајќи дека воведувањети на биткоинот во оптег може да доведе до финансиска нестабилност во државата. Исто така покрената е и апликација „биткоин новчаник“ за да им се овозможни на граѓаните да ја користат оваа криптовалута.

Покрај изградбата на „Биткоин град“, Ел Салвадор планира да собере околу милијарда долари преку издавање биткоин обврзници во партнерство со компанија за инфраструктура на дигитален имот – Блокстрим. Половина од средствата ќе бидат искористени за купување  биткоини, додека останатите 500 милиони долари планирано е да бидат инвестирани во енергетика и инфраструктура за копање биткоини, соопштија од Владата на Ел Салвадор.

Претходно, Властите најавија дека планираат да користат геотермална енергија од вулканот за напојување на електричната мрежа за копање биткоини, што трши огромна количина струја.

ПРЕТХОДНА ВЕСТПендаровски и Радев изразија сочувство до семејствата на загинатите и повредените
СЛЕДНА ВЕСТПродолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот 2022