Групацијата Триглав останува фокусирана на поставените стратешки ориентации, вклучувајќи профитабилно и сигурно работење и ја зема предвид комплексноста на деловното опкружување со нејасни последици од пандемијата на Ковид 19 врз економијата и состојбата на пазарите на капитал. Во првиот квартал на 2021 година, пресмета 7% повисока консолидирана бруто полисирана премија од осигурување (371,7 милиони евра), споредено со истиот период минатата година и оствари раст на премија на повеќето пазари. Во доменот на управување со средствата на клиентите во инвестицискитефондови и преку индивидуално управување, го зголеми обемот на средства за 13 проценти (на 1.307,7 милиони евра) споредено со крајот на 2020 година. Добивката пред оданочување за овој квартал изнесува 31,8 милиони евра и е за 21 процент повисока во споредба со истиот период минатата година и за 6 проценти поголема отколку во годината пред пандемијата со Ковид 19 (прв квартал од 2019 година). Имајќи ги во вид предвидените деловни услови, Групацијата проценува дека ќе оствари годишен профит во планираниот опсег до крајот на годината.

Профитабилно работење. Во првите три месеци од оваа година, Групацијата Триглав оствари 31,8 милиони евра консолидирана добивка пред оданочување, што е за 21% повеќе во споредба со првиот квартал од 2020 година и 6% повеќе во споредба со првиот квартал  од 2019 година (истиот квартал пред пандемијата со Ковид 19). На постигнатиот резултат поволно влијаеа зголемениот обем на полисирана премија и помалку изразените загуби, додека условите за каматните стапки се сè уште неповолни, што придонесува кон намалување на приходите од камати и формирање дополнителни технички резерви поради постојните и очекуваните деловни услови. Претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, изјави: „Добро ја започнавме 2021 година, имајќи ги предвид очекуваните деловни услови, проценуваме дека ќе оствариме годишен профит во планираниот опсег до крајот на годината. Во нашата работа, ги земаме предвид сеуште високото ниво на несигурност во деловното опкружување, нејасните последици од пандемијата на Ковид 19 врз економијата и неповолните услови на ниски каматни стапки“.

ПРЕТХОДНА ВЕСТЗаев: Политиките на Владата се со фокус на енергетика и инфраструктурата
СЛЕДНА ВЕСТРано е за симнување на маските, но може да се очекува организирање свадби и прослави