МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Чешката компанија CONTECHIN s.r.o., заинтересирана e за соработка со домашни компании.  Компанијата главно се занимава со обезбедување на технологија за микропивари, вклучително и резервни делови, рецепти и суровини. Покрај ова, активна е и во следните области: -технологија за производство на градежни материјали (лепила, малтери, бои), -технологија за производство на пелети/брикети, -контејнери за отпад. Доколку постои интерес за соработка со оваа компанија, може директно да ја контактира компанијата (Ing. Viktor Minář Sales Manager, email:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ).
Чешката PROVOD, s.r.o е компанија од областа на градежништвото, која исто така е насочена кон работа на проекти за управувањето со водите и животната средина.  Компанијата нуди комплетна подготовка на проект за водоводни и канализациони мрежи, по современи стандарди засновани на севкупно техничко решение, инвестиции и оперативни трошоци.  Компанијата е специјализирана за следните области: дизајн на управување со водите, водни системи, градежништво, транспортен инженеринг. Заинтересирани се за воспоставување партнерства за соработка, како и за нови проекти во областа на управувањето со водите. Компанијата е основана во 1997 година има 45 вработени и годишен промет од 2 милиони ева. Контакт инфорамции:…
Enovation, s.r.o,  е чешка консултанска компанија која нуди услуги за компании кои бараат можности за субвенции од Европската Унија. Главниот фокус им е насочен кон проекти за субвенционирање на иновации, проекти за истражување и развој, за ИТ и за енергетика. Отворени се за соработка со компаниите во Р. С. Македонија согласно услугите кои ги нудат.  Компанијата отвори филијала во соседна Србија и нуди услуги за советување за фондовите на ЕУ, за можностите за инвестирање, склучување деловни партнерства итн. Нивни клиенти се главно чешки индустриски и ИТ компании. Компанијата е основана во 2007 година има 40 вработени и годишен промет од 2…
Československá obchodní banka, a. s. (ČSOB) е универзална банка во Република Чешка.  Ги обезбедуваат своите услуги на сите групи на клиенти, односно на поединци,  на  мали и средни претпријатија (МСП), како и на корпоративни и институционални клиенти. На своите клиенти им нудат широк спектар на банкарски производи и услуги. Нивниот оддел за извоз и за структурирани трговски финансии е дел од специјализираното финансиско работење кое обезбедува извозни кредити за финансирање на извозот од Чешка и други услуги поврзани со надворешната трговија. Заинтересирани се за соработка со претставници на српски и македонски банки. Контакт инфорамции: е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  тел: +420 730 858…
Чешката извозна банка (Czech Export Bank)  е специјализирана банкарска институција во државна сопственост. Формирана е во 1995 година и претставува еден од столбовите на владиниот систем во Р. Чешка за развој на извозната политика. Мисијата на CEB е поддршка на чешкиот извоз,  промоција на севкупната конкурентност на чешки производи ширум светот како и на Чешката Република како меѓународен извозник. CEB се фокусираат на финансиските услуги поврзани со извозот и имаат долгогодишно искуство во финансирање на главни извозни трансакции на чешки извозници, како и финансирање на извозни договори за помали единици или делумни испораки. Заинтересирани се за соработка со добавувачи или…
Aquatis a.s  е чешка компанија која делува на цела низа активности за управување со отпадните водите од инфраструктурниот сектор и тоа: постројки за третман на вода и канализација, пречистителни станици, хидротехнички конструкции, вклучувајќи хидроенергија, изградба на браната, објекти на брани, вреќи, заштита од поплави и внатрешна навигација.  Компанијата  нуди сеопфатен сет на активности од консултантски и евалуациски на ниво на проект, изведување, технички надзор, тестирање до финална испорака.   Основана е во 1952 година, има 190 вработени и годишен промет од 6.5 милиони евра. Во моментов е дел од водечката индустриска корпорација SAFICHEM GROUP која работи во хемиската, петрохемиската, инженерската…
Aquatest е водечка чешка компанија која нуди сеопфатни услуги во екологијата во областа на санација, водостопанство, хидрологија, хидрогеологија и геологија. Компанијата е дел од холдинг Purum Kraft и заедно со останатите компании во групцијата, нуди целосни еколошки услуги за нивните клиенти.   Компанијата Aquatest поседува лабораторија со највисок квалитет во Чешката Република. Основана е во 1991 година, има 190 вработени и годишен промет од 15 милиони евра. Заинтересирани се за соработка или партнерство со компании кои бараат стратешки партнери за заедничко вложување во проекти за управување со водите, не само за јавни тендери, туку и за приватни клиенти. Дополнително изразуваат…