ИНТЕРЕСНО

Сопственикот на „Амазон“ Џеф Безос е најбогатиот маж во светот, чиј имот се зголемил за 19 милијарди долари во последната година и сега изнесува 131 милијарда долари, објави „Форбс“. Списанието наведува дека она што не е познато е дали Безос ќе биде симнат од „тронот“ на најбогатите по разводот од долгогодишната сопруга Макензи. Доколку тие немаат предбрачен договор, тогаш законите предвидуваат поделба на семејниот имот на еднакви делови. Најбогата жена во светот е Франсоаз Бетанкур Мејер, наследничка на козметичката империја Лореал, со богатство од 49,3 милијарди долари. Контото на 65-годишната Бетанкур Мејер е значително зголемено во текот на минатата година…
Група научници, предводени од Џеј Кислинг од Универзитетот Беркли во Калифорнија, САД, модифицираше еден вид квасец (saccharomyces cerevisiae) за да го произведе клучното соединение ТХК што по природен пат се синтетизира во растението cannabis sativa, познато и како марихуана. Во нивниот труд, презентиран во списанието Nature, Кислинг и неговите колеги тврдат дека откритието може да придонесе за пронаоѓање нови начини за производство на природните и на синтетичките канабиноиди, во големи количини. Истражувачите истакнуваат дека во неколку земји (а ние тука би додале и во Македонија) канабиноидите веќе се одобрени за употреба во производите од фармацевтската индустрија. Но, достапноста на актвните состојки за…
Предвидувањата за идниот развој на криптовалутите се многу различни во зависност од тоа од кој агол се гледаат криптовалутите. Специјалистот за ИТ безбедност и криптопазар, Др. Горан Куњадиќ за Телеграф.рс се обиде да ја прогнозира иднината на криптовалутите. – Предвидувањата за идниот развој на крипто-валутите се многу различни во зависност од тоа од кој агол се гледаат крипто-валутите. Од една страна песимистичките прогнози предвидуваат целосен колапс на криптовалутите, додека од друга страна, оптимистите го предвидуваат нивниот процут. Тоа е неблагодарна задача за да направат какви било прогнози, сепак, обидете се да погледнете во некои факти. Претходно се споменуваше компанијата „TSMC“ (Taiwan Semiconductor…
Компанијата Amazon после одредени превземања и инвестиции во автомобилската индустрија, се одлучи за инвестирање во образование. Тие ја започнаа, односно ја проширија својата иницијатива „Future Engineer“ преку која финансираат програми за IT образование во американските средни училишта. Акцентот ќе биде на повеќе од 100 илјади средношколци со слаба финансиска состојба во 2.000 училишта, додека пак 100 ученици ќе добијат четиригодишни стипендии вредни 10.000 долари. Amazon ќе ја финансира самата настава, ќе врши дообука на наставниците, а воедно ќе креира и дигитални наставни програми – односно онлајн поддршка во живо за учениците и наставниците. Учениците, исто така ќе имаат право да ги…
Во минатата недела холандско-британската компанија „Shell“ стана последниот претставник на нафтениот сектор, кој направи сериозна инвестиција во технологијата за складирање на енергија и батерии за електрични возила, откако го објави купувањето на германскиот стартап „Sonnen“. „Sonnen“ посебно се фокусира на складирање на енергија за домаќинствата, пазар во развој со огромен потенцијал. Овој тип на складирање сè уште не привлече многу внимание како батериите на електричните возила, но има светла иднина, бидејќи инсталациите на соларен покрив стануваат сè попопуларни во Европа, Австралија и Северна Америка. А сепак, како што забележува новинарот од „Quartz“, Акшат Рати, авансните трошоци за вакви инсталации се…
Хрватот Иван Ловриќ од Аленсбах објави видео снимка на Јутјуб во која зборува за трошоците во Германија. Тој вели дека видеото е наменето за оние кои живеат во Германија или имаат намера да се преселат во Германија. Неговите вкупни трошоци се 2.323 евра месечно, пишува магазинот Феникс. “Поставете ниски цели, за да не се разочарате. За се е потребно време. Поставете си една мала цел, а кога ќе ја исполните, ќе поставите повеќе цели и ќе бидете задоволни”, вели Иван. Неговиот најголем трошок во Германија е станот кој го плаќа 715 евра. Станот има две спални и дневна соба. Иван вели…
Петнаесеттото годишно издание на истражувањето Annual Demographia International Housing Affordability Survey откри кои се најскапите градови за живот во светот. Во истражувањето биле вклучени 309 пазари за недвижности (од кои 92 со популација над 1 милион жители) во Австралија, Канада, Хонгконг, Ирска, Нов Зеланд, Сингапур, Обединетото Кралство и во САД. Рангирањето се врши врз база на податоци од третиот квартал од 2018 година и тоа со споредба на просечната цена на куќите и становите и просечните месечни примања по домаќинство. Истражувањето покажа дека најскапите пазари моментално се во Австралија, Нов Зеланд и во Кина. Ова се десетте најскапи градови за…
Настојувајќи да стане доминантна сила во глобалното high-tech производство, кинеската влада го лансираше она што се нарекува “Made In China 2025”. Со користење на субвенции, мобилизирање претпријатија во државна сопственост и стекнување интелектуална сопственост, програмата има за цел да ги достигне, а потоа да ги надмине западните технолошки гиганти во напредните индустрии, пишува Ана Кучиркова за IQS Directory. Сепак, Вашингтон тврди дека политиката се потпира на дискриминаторски третман на странски инвестиции, трансфер на технологија, кражба на интелектуална сопственост и сајбер шпионажа, меѓу другото. Ова доведе до заострување на надзорот над странските инвестиции, интензивирање на дебатата околу тоа како најдобро да се одговори на…
Европската фондација за подобрување на работните услови и условите за живот објави споредба на минималните плати во ЕУ. Најголема минимална плата на почетокот на 2019 година имале граѓаните на Луксембург – 2.071,10 евра. Минималната плата во Ирска изнесува 1.656,20 ерва, во Холандија – 1.615,80 евра, Белгија – 1.593,76 евра, Германија – 1.557,09 евра, Франција – 1.521,22 евра и во Велика Британија 1.453,28 евра. Во Словенија минималната плата е 886,63 евра, во Малта е 761,97 евра, во Грција е 758,33 евра и во Португалија е 700 евра. Приближно како хрватската минимална плата, 505,90 евра, имаат Литванија – 555 евра, Естонија –…
Директорот на “Мои брендови”-Србија, Андреј Јовановиќ изјави дека компанијата Кока-Кола е заинтересирана за купување на компанијата “Књаз Милош”. За оваа купопродажба се чека одобрение од Комисијата за заштита на конкуренцијата. Како што пренесува “Вечерње новости”, во деловните кругови велат дека е договорено купувањето на “Књаз Милош”. “Не е точно дека го продадовме” Књаз Милош” на Кока-Кола. Ако прашате дали се заинтересирани за купување, можам да кажам дека тие се”, изјавил Јовановиќ за Новости. Комисијата за заштита на конкуренцијата соопштија дека “Кока-Кола” сè уште нема поднесено барање, со цел да добие контрола врз “Књаз Милош”. Ако дојде до оваа аквизиција, Кока-Кола…