ИНТЕРЕСНО

Од месарниците велат дека побарувачката е задоволителна, иако граѓаните за Велигден почесто купуваат јагнешко и покрај тоа што свинското е поевтино. Во моментов цените на килограм свинско во месарниците и маркетите се движат од 200 до 250 денари Цената на свинското месо на македонскиот пазар нема да се зголеми за Велигден и Први мај, објави Групацијата на одгледувачи свињи. Ова го потврдија и во неколку скопски месарници, каде што велат дека цените на свинското не само што не се зголемени туку и се намалени во однос на минатата година.Од месарниците велат дека побарувачката е задоволителна, иако граѓаните за Велигден почесто…
Венецуелската државна нафтена компанија ПДВСА побарала од најмалите двајца клиенти уплатата за нафта да ја вршат преку рускиот државен енергетски гигант „Росњефт“ . Тоа за агенцијата Ројтерс го изјавил неименуван извор во компанијата ПДВСА, кој рекол дека таа компанија се одлучила на овој потег поради американските санкции. Русија ги смета американските санкции незаконски и јавно соопшти дека ќе го продолжи бизнисот со Венецуела. Меѓутоа, „Росњефт“ за британска агенција ги негирал податоците дека е посредник при уплатата за компанијата ПДВСА. САД воведоа во јануари санкции за Венецуела. Венецуела падна во длабока политичка и економска криза, посебно откако опозицискиот лидер Хуан Гваидо во…
Coca Cola ги зголемиле приходите и профитот во првиот квартал, а најзаслужна за тој раст е побарувачката за флаширана вода и безалкохолни пијалоци. Добрите бројки може да се заблагодарат за работењето на азиските и европските пазари. Во првиот квартал, приходите на Coca Cola се зголемиле за пет проценти, на 8,02 милијарди долари. Нето добивката се препишува на компанијата зголемена за 22,6 проценти на 1,68 милијарди долари. Органските приходи, кои го исклучуваат ефектот на флуктуации, девизен курс и активизација, се зголемиле за 6 проценти, благодарение на повисоките цени и делумно акумулираните залихи во резерви, поради неизвесноста поврзана со Брегзит. Обемот на продажба,…
Традиционално 23 април во Германија секоја година е целосно во знакот на пивото. Имено, на овој датум во 1516 година во Инголштад бил објавен Указот за чистота на пивото. Овој повеќе од половина век стар документ наложува за производство на пиво да се користат само вода, слад, хмељ и квасец. Указот за чистота се залага за зачувување на старите занаетчиски техники и истовремено важи за најстариот сѐ уште важечки пропис за прехранбен производ во светот. Во Германија благодарение на указот се разви пивска производна уметност, почитувана ширум светот. Од овие 4 природни состојки во преку 1500 пиварници во Германија од…
Традиционалната храна треба да ја произведете од домашните автохтони животни кои се прилагодени на домашните услови, кои се отпорни на сите сурови климатски промени, подобро ја искористуваат храната и даваат млеко со многу карактеристичен мирис, вкус, конзистентност Македонија треба да работи на зачувување на традиционалните производи и автохтони раси кои полека изумираат. Производителите на традиционалните производи, одгледувачите на автохтоните раси и стручните лица постојано апелираат дека државата треба повеќе да води грижа за нивно зачувување, бидејќи како што велат тие се нашето богатство и не смееме да дозволиме да ги изгубиме. Од организацијата Слоу Фуд која се занимава со заштита…
Работна дозвола за Германија во 2018 година добиле 8.898 македонски работници. Пред нас се работниците од Босна и Херцеговина, чија бројка достигнала 20.901,а по нив се работниците од Србија од кои 14.652 лица заминале на работа во оваа европска земја. Како што деновиве објави „Ди Велт“ висок е бројот и на работниците од Косово кои заминуваат на работа во Германија, а нивната бројка достигнала 12.240 лица, од Албанија пак 6.887 лица и од Црна Гора -1.475 лица. Бројките само потврдуваат дека речиси една четвртина од сите вработени од земјите кои не се членки на ЕУ доаѓаат од Западен Балкан. Така…

Поскапува грчкото суфлаки

Понеделник, 22 Април 2019 13:58
До три евра може да поскапи традиционалното грчко свинско суфлаки, објави новоформираниот синдикат на производители на суфлаки од Атина. Како главна причина за тоа ја наведе цената на свинското месо во светот. Синџирите за брза храна и продавачи на суфлаки во Грција, како што објави агенцијата АНА, се обидуваат да ја смират ситуацијата, но признаваат дека очекуваат дополноителни трошоци. Многу од продавачите анкетирани од агенцијата изјавиле дека очекуваат да ги апсорбираат дополнителните трошоци и дека цените ќе останат непроменети. Дел од нив пак велат дека очекуваат пораст на цената од 10 евроценти.   Цената на свинското месо на светскиот пазар…
На североистокот во Иран се наоѓаат ветерници кои се стари 1000 години и се уште се во функција. Овие неверојатни ветерници се меѓу најстарите на светот, но единствени кои сеуште си ја обавуваат работата. Ветерниците се наоѓаат во градот Наштифан, кој некогаш се викал Ниш Тофан или оружје на молњата, илјада километри источно од главниот град Техеран. Ветерниците издржувале ветрови од 33 m/s. Иако се верува дека настанале во источна Персија помеѓу 500-900. година, единствени се по тоа што се во функција веќе неколку векови. Направени се од глина, слама и дрво, високи се 20 метри.
„Блумберг“ ги објави топ листите на најсиромашни и најсреќни земји. На врвот на листата најсиромашни земји е Венецуела каде што инфлацијата достигнува неверојатни бројки, додека, пак, како најсреќна земја се издвојува Тајланд иако, како што се вели во анализата, оваа земја годинава нема добри резултати во намалувањето на невработеноста. На Венецуела во таборот на најсиромашни земји со висока инфлација и невработеност се најдоа и Аргентина, Јужна Африка и Турција, а во првите десет земји од листата се и две од регионот, Грција и Србија. Овие земји имаат интензивен економски стрес и слаб напредок во намалувањето на растот на цените и враќањето…
Францускиот милијардер и бизнисмен, Бернард Арно и неговата групација LVMH, којашто го вклучува луксузниот бренд Louis Vuitton, ќе донира 200 милиони евра за обновување на Богородичната црква во Париз. Монументалната градба, којашто датира од 12-от век, вчера ја зафати катастрофален пожар, пишува Reuters. Нотр Дам беше дел од готската архитектура во француската метропола и едно од најголемите обележја на Париз, секојдневно посетувано од илјадници туристи од целиот свет. Донацијата на Арно следува по донацијата на уште еден француски бизнисмен Франсоа Анри Пино од компанијата Kering, којшто одвои 100 милиони евра за Богородичната црква. Објектот во овој момент е во фаза…