ИНТЕРЕСНО

САД, Кина, Јапонија, Велика Британија и Германија секако се вбројуваат меѓу најмоќните земји во светот, но во овој случај тие се петте најбогати држави во светот, според Global Wealth Migration Review 2019. Светот во текот на 2018 година “тежеше“ околу 204 илјади милијарди долари, а по глава жител отпаѓаат 27.100 долари. Според проценките, во светот живеат околу 14 милиони милиони, на чија сметка има еден или повеќе шестцифрени суми. Минатата година на планетата Земја имало 560 мултимилионери, чие лично богатство надминува 10 милиони долари. Кога станува збор за милијардери, лани во светот имало вкупно 2.140 богаташи, кои располагаат со над…
Во американскиот ланец на супермаркети Волмарт се повеќе активности ќе извршуваат роботи. Тие треба да придонесат кон намалување на трошоците на компанијата, но ќе резултираат и во отпуштања на работници. За Елизабет Вокер ова е почеток на прекрасно пријателство. "Секој херој има потреба од помошник," напиша бренд менаџерот кога на почетокот на април најави дека нејзиниот работодавач Волмарт во иднина се повеќе ќе се потпира на роботи. Човек и машина, се како Лук Скајвокер и Р2Д2, главните ликови во познатата трилогија „Стар Ворс". „Вистинската форма на поддршка им помага на нашите соработници да бидат успешни во својата работа." Ланецот американски…
Од финансиската криза во 2008 година, глобалното приватно богатство постојано расте. Вкупното приватно богатство во светот достигна 204 трилиони долари во 2018 година, што е зголемување од 26 проценти во последната деценија. Табелата за оваа година, која го користи извештај од Global Wealth Migration Review 2019, ги рангирала 10-те најбогати земји и раст на приватното богатство од 2008 до 2018 година.
Денес, цената на биткоинот се зголеми на над 6.000 долари, достигнувајќи највисоко ниво во однос на доларот за речиси шест месеци. Вредноста на криптовалутата бележи значителни флуктуации, откако достигна рекордни над 19.000 долари во декември 2017 година, пред да падне до скоро 3.100 долари во декември 2018 година. Оттогаш цената на биткоинот полека се опоравува. Денес криптовалутата поскапе до 6.076,65 долари, што е највисоко ниво од 15 ноември, кога достигна 6.295,95 долари, според податоци на „CoinDesk“ која следи цената на критповалутата на различни берзи. Биткоинот се зголеми за повеќе од 60% од почетокот на годината. Цената беше поддржана од зголемениот…
Австралиската централна банка преземала одговорност за печатната грешка на 46 милиони банкноти, откако една радио станица на социјалните мрежи објавила фотографија од банкнотите со микроскопска грешка. Радио "Triple M" денес на Инстаграм објавил зголемена фотографија од банкнота од 50 австралиски долари на која се гледа погрешно напишаниот збор "одговорност", пренесува агенцијата "AP".  Зборот "responsibility" или "одговорност", се појавува на банкнотата три пати, при што третата буква "i" во неа е изоставена секој пат. Австралиската централна банка вели дека оваа правописна грешка ќе биде исправена при наредното печатење подоцна оваа година. Австралиската банкнота од високотехнолошки полимер спаѓа меѓу најтешките за фалсификување.…
Според многу истражувања, најплатените професии во светот се хирурзите со просечна плата од 258,900 долари, додека на второ место е орален и максилофацијален хирург со просечна плата од 233,400 долари. На третото место исто така е професија од медицината, а тоа е гинеколог. Гинеколозите имаат просечна плата од 209,600 долари. Четвртата позиција е резервирана за психијатрите со плата од 197,500 долари, а на пето место се интернистите со 184,800 долари.
Естонија е земја со најмалку злато.  Таа поседува една златна плочка вредна половина милион евра, но не може да ја продаде.  Централната банка на Естонија наведува дека плочката не можат да ја продадат и повеќе вреди да стане „музејски експонат“.  Плочката е тешка 11 килограми, и чини 500.000 евра.  Плочката е стара 97 години, односно е само 3 години помлада од банката која прослави 100 години постоење.  Талин резервите со злато ги продал во деведесетите години. Помалку злато од Естонија има само Албанија. 
Во најновиот извештај објавен од компанијата The Weather Company, a пренесува Reuters, оваа година ќе биде потопла во поголемиот дел од Европа но и повлажна од просекот. Количината на врнежи особено во јуни и јули ќе биде над просечните вредности, според извештајот. “Иако постојат значителни отстапувања во моделот на следење на климатските промени, повеќето укажуваат дека ова лето топлината ќе биде најраспространета, особено во централните и источните делови на Европа”, се вели во извештајот на The Weather Company. Во исто време, во извештајот е намалена претходната прогноза за мај, па според најновите податоци овој месец ќе биде поладен од просечните вредности.…
Во мобилната телефонија се уште бројот на припејд е поголем од бројот на постпејд претплатниците, а сите заедно за три месеци реализирале разговори долги околу 1,4 милијарди минути. Најмногу се муабетело во сопствената мобилна мрежа, околу 971 милион минути, додека во роаминг од странство се потрошени околу 1,2 милиона минути Опаѓа бројот на претплатниците во мобилната, а расте во фиксната телефонска мрежа. Во последниот квартал од минатата година, според најновиот извештај на Агенцијата за електронски комуникации имало 1.969.109 активни претплатници во мобилната телефонија, што е за над 81 илјада помалку отколку во истиот квартал од 2017 година. Во фиксната телефонија,…
Годишно во Европската Унија се произведуваат околу четири милиони тони чоколадо вредно 18,3 милијарди евра, а најголеми производители се Германија и Италија. Податоците на Европската статистичка служба покажуваат дека Германија во 2017 година произвела 1,3 милиони тони, што сочинува 32 отсто од вкупното производство на чоколада во ЕУ. Италија истата година произвела 0,7 милиони тони чоколада, а Франција и Холандија по 0,4 милиони, пишува Еурактив. На листата на водечки производители се и Британија, Белгија, Полска и Шпанија. Овие осум членки покриваат повеќе од 90 отсто од производството на чоколадо во ЕУ.