ИНТЕРЕСНО

Постои руска врска во купувањето на најголемиот законски производител на марихуана во САД, објави „Портланд тајмс“. Претприемачот со руско потекло Борис Џордан и неговиот деловен партнер од Москва, Андреј Блох дале една милијарда долари за да ја купат компанијата Кура Канабис (Cura Cannabis) од Портланд во државата Орегон. – Таа сума е рекордна. Зделката на векот може да им донесе големи приходи на новите сопственици. Активите на фирмата се околу четири милијарди долари, а бизнисот со консумирање марихуана има раст од 20 отсто годишно, нагласува весникот. Засега во САД ситуацијата со марихуаната е противречна. Во 22 од 50-те држави употребата…
Компанијата Microsoft успеа да стигне до рекордно зголемување на своите акции и вредноста на компанијата се искачи над 1.000 милијарди долари. Главната причина за тоа се клауд услугите на компанијта. Како втора најмоќна компанија е Amazon која има вредност од 888 милијарди долари и може да се пофали исто така со огромен раст на акциите, а на третото место е Apple со 875 милијарди долари врендост. Иако Apple има мал пад на акциите, компанијата сеуште е многу моќна на полето на паметни телефони.
Германската компанија ја објави соработката со еколошката огранизација „Parley for the Oceans“ која работи на собирање на пластика која се наоѓа на брегот на Малдиви. Производителот на спортска опрема Adidas има во план да направи 11 милиони пара патики од рециклирана пластика, која се собира од океаните ширум светот. Германската компанија ја објави соработката со еколошката огранизација „Parley for the Oceans“ која работи на собирање на пластика која се наоѓа на брегот на Малдиви. Ова не е прв пат компанијата Adidas да прави вакво нешто. Таа минатата година произведе 5 милиони пара патики од рециклирана пластика. Во 2019 година двојно…
Владината офанзива за добивање на датумот за преговори на јунскиот самит на ЕУ ја стави на стенд бај владината реконструкција.. Сепак, разговорите околу најавената „метла“ во Владата  уште траат. Метлата на Заев ќе започне следната недела од директорите, а до крајот на месецот ќе ги потфати и министрите – но се зависи од датумот за преговори. Ако не го добиеме летово, Заев најави опција за враќање на мандатот, и во тој случај реконструкција во владините функционерски редови воопшто нема да има.  Министрите Сугаревски, Тевдовски, Дураку, Манчевски.. се само дел од имињата кои неофицијално се споменуваат за министри кои се на…
По долгогодишните поплаки на бизнис заедницата во Германија, конечно промени во законот. Наскоро ќе можете полесно да се вработите во Германија, посебно доколку сте квалификувани ИТ- специјалисти, инженери, болничари, негуватели. Предлог законот ќе им олесни на квалификуваните мигрантите да се доселат во големата економска сила во Европа. Како што истакна министерот за внатрешни работи на Германија Хорст Зехофер, со овој предлог закон ќе се определат јасни критериуми за работа, но и за живеење во земјата. Порано предност за вработување на квалификувана работна сила имаа државјани на Германија и на Европската унија, со новиот предлог закон ќе може да се вработат…
Во првото тримесечје од годинава има 9.100 слободни работни места, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголем број на слободни работни места, односно 2.443 има за услужните дејности и продажба. Според статистичките податоци, највисока стапка на слободни работни места има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а најмала секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Највисока стапка на слободни работни места од 2,03 проценти имаат компаниите чиј број на вработени е од три до девет. Во однос на регионите, највисока стапка на слободни работни места има Југозападниот регион со имаат 2,24 проценти.
Цена на патарините на јужниот дел на Коридорот 10 уште некој период ќе остане иста. Според неофицијалните најави, од 1-ви јули таа ќе порасне, односно ќе почне наплата на неодамна отворениот дел од автопатот низ Грделичката Клисура. Како што пренесуваат српските медиуми, патниците што ќе патуваат од Прешево ќе треба да плаќаат патарина во износ од 420 динари. За оној што ќе патува од Прешево до Белград, таа ќе изнесува 1.430 динари, додека моменталната цена е 1.090 динари. Она што е сигурно, поврзано со овој дел од автопатот е дека брзината на движење на возилата е ограничена на 100 километри…
Од 2 до 3 евра за гиро, околу 7 евра за свинска вешалица, од 6 до 10 евра за лигња или парче риба.  Цените во рестораните во Грција и оваа година речи си идентични како и претходната.Најскапо и оваа година се очекува да биде на Халкидики. Оние кои одат на краците плаќаат по нешто помалку од 3 евра за гиро, додека цените во рестораните се за 10 до 20% повисоки од оние во останатите места и на островите. Цените во продавниците се идентични како и минатата година. Популарните големи ланци на супер-макрети како Лидл и Масутис и оваа година редовно…
САД, Кина, Јапонија, Велика Британија и Германија секако се вбројуваат меѓу најмоќните земји во светот, но во овој случај тие се петте најбогати држави во светот, според Global Wealth Migration Review 2019. Светот во текот на 2018 година “тежеше“ околу 204 илјади милијарди долари, а по глава жител отпаѓаат 27.100 долари. Според проценките, во светот живеат околу 14 милиони милиони, на чија сметка има еден или повеќе шестцифрени суми. Минатата година на планетата Земја имало 560 мултимилионери, чие лично богатство надминува 10 милиони долари. Кога станува збор за милијардери, лани во светот имало вкупно 2.140 богаташи, кои располагаат со над…
Во американскиот ланец на супермаркети Волмарт се повеќе активности ќе извршуваат роботи. Тие треба да придонесат кон намалување на трошоците на компанијата, но ќе резултираат и во отпуштања на работници. За Елизабет Вокер ова е почеток на прекрасно пријателство. "Секој херој има потреба од помошник," напиша бренд менаџерот кога на почетокот на април најави дека нејзиниот работодавач Волмарт во иднина се повеќе ќе се потпира на роботи. Човек и машина, се како Лук Скајвокер и Р2Д2, главните ликови во познатата трилогија „Стар Ворс". „Вистинската форма на поддршка им помага на нашите соработници да бидат успешни во својата работа." Ланецот американски…