ИНТЕРЕСНО

Осигурителните компании минатата година склучиле 381.949 договори за туристичка помош каде спаѓаат и патничките осигурувања. Најголем број, како што наведуваат од осигурителните компании, се склучуваат во летната сезона. Податоците на Агенцијата за супервизија на осигурувањето на Република Македонија покажуваат дека од година во година има раст на склучените договори, така во претходната година биле склучени 364.092 договори за туристичка помош. Вкупно полисираната премија изнесувала 178.514.000 денари, исплатените штети 49.401.000 денари, а бројот на ликвидирани штети во текот на 2016 година изнесуваат 3020, покажуваат објавените подтоци од осигурителните компании. Патничкото осигурување, како што посочуваат е едно од ретките осигурување покрај задолжителните,…
Светозар Јаневски повеќе не е акционер во „Аутомакедонија“. Тој своите акции ги поделил на своите три деца. Секое дете добило по 5.596 акции со право на глас во „Аутомакедонија“, или книговодствено гледано подарокот вреди 360.000 евра по дете. Светозар Јаневски, бизнис легенда на македонската дваесет и пет годишна корпоративна историја, одлучи да ги подари своите акции со право на глас во скопската компанија „Аутомакедонија“ на свои тројца наследници.  Јаневски, одлучи своите 20 отсто од акциите во „Аутомакеоднија“ да ги подари на своите три деца од двата брака: Јане Јаневски, (актулен член на Управниот одбор на „Аутомакедонија“), Драгана Јаневска и Кирило Јаневски.
Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, за Си Ен Ен изјави дека Стив Џобс употребувал ,,магии” врз луѓето со кои тој успеал да ја спаси компанијата во нејзините најмрачни денови. Гејтс го истакна него како одличен лидер кој ја вратил компанијата на највисокото ниво пред неговата трагична смрт. Епл кон крајот на 90-те години беше на раб на банкрот, се до враќањето на Џобс. Џобс по долга битка, во 2011 година почина од рак на панкреасот.

HTC се подобрува

Вторник, 09 Јули 2019 13:39
HTC ги објави финансиските резултати за јуни оваа година кои покажуваат прв напредок и најдобар резултат во последните шест месеци. Забележан е раст на приходите од 94,07 проценти во однос на мај оваа година. Забележаните консолидирани приходи од 46,8 милиони американски долари и понатаму се мали во однос на приходите од 71,56 милиони долари забележани во јуни минатата година, но забележителен е напредок, односно намален пад на приходите во однос на забележаните претходни години (во однос на кризниот февруари кога приходите биле дури 76% помали во однос на 2018 година). За успех во текот на јуни заслужени се тогаш претставените…
Индија и Кина изразиле скептицизам во врска со изгледите за новата криптовалута на Facebook – Libra , бидејќи и двете земји сакаат да го ограничат тргувањето на дигиталните валути. Пекинг е особено загрижен дека дигиталната валута под контрола на САД може да го загрози нејзиниот финансиски суверенитет и затоа размислува за нејзино неприфаќање. Преку 300 милиони корисници на Facebook и над 400 милиони корисници на WhatsApp во Индија нема да можат да ја користат криптовалуата на Facebook, Libra, кога криптовалутaта ќе падне на пазарот во текот на следната година поради виртуелната забрана која владата ја ставила за дигиталното тргување на валути.…
„Бритиш ервејс“ може да добие рекордна глоба од 182 милиони фунти поради минатогодишниот упад во нивните сигурносни системи. Авио-компанијата вели дека е изненадена и разочарана од казната изречена од страна на Регулаторната комисија. Минатата година, од „Бритиш ервејс“ изјавија дека хакерите извршиле софистициран криминален напад врз нивната веб-страна. Од комисијата велат дека ова е најголемата глоба која досега ја изрекле и прва која ќе биде јавно објавена, според новите регулативи. Регулаторната комисија вели дека инцидентот се случил откако корисници на веб-страната на „Бритиш ервејс“ биле пренасочени на лажна веб-страна, преку која биле украдени лични податоци на околу 500.000 корисници, велат…
Според последниот годишен извештај на „ХСБЦ експерта“, на прво место на листата најдоби држави за живот во светот е Швајцарија. Високиот животен стандард и високите плати ја донесоа Швајцарија на врвот на листата. По неа во првите десет следуваат: Сингапур, Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Австралија, Турција, Германија, Обединетите Арапски Емирати и Виетнам. Истражувањето ги опфаќа квалитетот на животот, приходите, работниот потенцијал, културата, политичката стабилност, балансот помеѓу животот и работата, условите за децата, а се базира на одговорите на 18.000 раселени на 163 светски пазари.
Цената на битката потона денес за 12 проценти на околу 11.383 долари, откако на почетокот на оваа недела достигна највисоко ниво во 18 месеци од речиси 14.000 долари. Вредноста на најпопуларната светска криптoвалута забележа раст од април, додека од почетокот на годината скокна за повеќе од 260 проценти, пренесува Reuters. Цената на биткоинот, сепак, и понатаму е под историскиот максимум од речиси 20.000 долари во декември 2017 година. Аналитичарите тврдат дека најавата на Facebook за лансирање на неговата криптовалута Libra оживеа интерес за дигиталните валути, а цената на биткоинот беше водена и од инвеститорите кои бараат безбедност.
Вредноста на биткоинот во последните 24 часа достигна ниво од дури 9.381,82 долари, според ценовниот индекс на CoinDesk, пренесува CNBC и потсетува дека последниот пат кога биткоинот достигнал цена од 9.000 американски долари беше во мај 2018 година. Од почетокот на оваа година, вредноста на оваа дигитална валута скокна за 140 проценти. Сепак, Биткоинот забележа благ пад од 1,5 проценти на 9,157.59 долари. На скокот на криптовалутите влијаеше и веста дека Facebook наводно веќе од утре ќе го лансира својот сопствен крипто токен, додека неколку медиуми пренеле дека вработените во таа компанија ќе можат да добиваат плата во новата валута.…
Годинава преку своите телефони повеќе од половина милијарда кинези ќе ги плаќаат своите сметки во продаваници, ресторани, кафулиња, пренесуваат медиумите од регионот. Според истражувањето на DIgital Outlook  преку апликации за плаќање во тековната година, еден просечен потрошувач од Кина ќе потроши околу 1100 долари. Додека пак еден просечен Британски потрошувач во 2019 година се очекува да потроши околу 3.000, а во САД околу 2.400 долари. Во азиската држава апликациите  Alipay и WeChat Pay за плаќање се најлесто избрани од страна на кинезите. Апликации кои се широко прифатени од голем број на сопственици на продавници, усостители и потрошувачи. Инаку вкупната годишна…