ИНТЕРЕСНО

Минмалната плата во Америка расте, но кај платите на сопствениците на големи компании таа оди во друга насока. Имено, се повеќе милионери работат за плата од еден долар, а дури и не си исплаќаат бонуси. Роберт В. Вуд за Форбс пишува за овој феномен. Всушност ова е многу паметен потег, вели бидејќи е исплатливо за сите кои имаат удели на акции во фирмите. Во 2012 Марк Закерберг заработил 770,000 долари плати и бонуси, што значи дека бил најслабо платена личност во Фејсбук. Добро разбравте, Марк е еден од милијардерите кои заработуваат плата од еден долар, а неговото богатство оваа година…
Најтргуваниот валутен пар EUR/USD забележа пад на првиот работен ден во 2019-та година, но подоцна започнал со стрмни движења нагоре. Сепак, растечката сила беше околу 1.1570, проследена со пад и се врати под клучната фигура од 1.15. Во моментов EUR/USD се тргува на ниво од околу 1,14. Но, за да дознаеме што можеме да очекуваме од овој валутен пар следната година, да видиме што се случило во претходната 2018-та година. Еврото во раните денови на 2018-та година достигна ниво над 1.2550, но брзо влезе во комерцијален опсег. Поддршката од околу 1.2150 беше прекината и EUR/USD брзо се намали на 1.1500.…
Помислете на најбогатите градови во светот, Њујорк, Токио, Лос Анџелес и Лондон. Но, врз основа на растот на годишниот раст на бруто домашниот производ (БДП), азиските градови, особено оние во Индија, ги надминуваат другите урбани економии. Според истражувачкиот институт Оксфорд Економикс, сите 10 најбрзорастечки градови по БДП помеѓу 2019 и 2035 ќе бидат во Индија. Сурат, голем град во северозападна држава Гуџарат, ќе има најбрз економски раст во светот. Сурат е познат како центар за преработка и трговија со дијаманти, но исто така има и силен ИТ сектор, се вели во извештајот, во кој се предвидува дека просечната годишна стапка на…
Netflix повторно ги зголеми цените и вестите доведоа до зголемување на цените на акциите од над 6 отсто на стартот на работењето на берзата вчера, објавија CNBC. Најевтиниот пакет на Netflix ќе чини 9 долари во споредба со 8 долари во моментов. Нејзиниот најпопуларен стандарден HD план ќе чини 13 долари наспроти 11 долари, а премиум планот на компанијата ќе чини 16, во однос на 14 долари во моментот. Зголемените тарифи се скок помеѓу 13 и 18 отсто, што е најголемо зголемување од пуштањет на својата стриминг-услуга пред 12 години и ќе стапи на сила веднаш за новите клиенти. Постојните…
McDonald’s Corp ги загуби своите права за трговската марка “Биг Мек” во Европската унија, по одлуката на европските регулатори, објави Ројтерс. Одлуката на шпанската канцеларија за интелектуална сопственост, исто така, им дава право на други компании да го користат името. Регулаторот наведува дека Мекдоналдс не обезбедил убедливи докази дека таа го користела името пет години пред 2017 година, кога случајот бил укинат. Канцеларијата и компанијата не го коментираат ова. Одлуката беше достапна на Ројтерс од страна на конкурентската ирска компанија Supermac. Самата таа вели дека сега планира проширување на дејноста во Велика Британија и Европа, благодарение на одлуката. Supermac кои…
Најниски плати во Европа имаат Молдавците со 212 евра месечно, малку повеќе се платени Украинците, 240 евра, а Белорусите, 337 евра месечно, покажуваат податоците на Евростат. Според податоците од Државниот завод за статистика на Македонија, македонската просечна плата изнесува 403 евра, што е нешто повисока само од просечната плата во Албанија (378 евра). Од поранешните југословенски земји, освен Македонија, Србија има најнизок просечен приход од 422 евра, а највисок имаат Словенците со 1.077 евра месечно. Следат Хрватите со 832 евра, Црногорците со 512 евра месечно, и Босна и Херцеговина со 445 евра месечно. Нешто поголеми плати во регионот имаат Бугарите…

Индија до 2030 година ќе ги претрка САД

Понеделник, 14 Јануари 2019 14:29
До 2030 година седум од топ десет најголеми светски економски сили ќе бидат од пазари во развој. Според најновата анализа на лондонската мултинационална банкарска и финансиска компанија Standard Chartered, за 11 години отсега целосно ќе се промени светскиот економски поредок. Според долгорочните проекции, Индија веројатно ќе стане поголема сила од САД, додека соседна Кина, како што се наведува во извештајот, до 2020 година, ќе ја украде круната од САД, најмоќната светска економска сила. Истовремено, Индонезија може да се приклучи на топ пет економии во светот. Во извештајот се наведува дека стареењето на населението ќе има значително влијание на глобалниот раст. Меѓутоа,…
Компанијата SpaceX која е позната по производство на ракетни летала, изгледа како да е во криза. Компанијата основана од страна на Елон Маск, брои некаде околу 6000 вработени. Според информациите кои што ги пронајдовме на интернет, Елон Маск ќе мора да отпушти некаде околу 10 % од своите вработени, што би значело дека станува збор за 600 луѓе. Тоа не е мала бројка, но од компанијата изјавуваат дека за да може компанијата да работи и да функционира како што треба и да произведува вселенски летала, мора да го намали бројор на вработени.
Македонците од игрите на среќа најмногу сакаат да играат на VLT-aпаратите а потоа на се друго, покажува последниот независен годишен ревизорски извештај на Државната видеолотарија на Македонија. Ако се суди според бројките на приходите, најомилена активност од игрите во 2017-та биле овие терминали кои обезбедиле 20 милиони евра вкупен приход. Ова воедно е убедливо најголемата сума, додека интересот за другите игри на среќа, според евидентираните суми, е многу помал. Клиентите се повеќе покажуваат интерес за овој вид на забава, според потрошените пари кои се зголемиле за една третина по 12 изминати месеци. Ако во 2016-та приходот од овие апарати бил 874…
Недвижностите во Германија се прв избор на разни меѓународни инвестициски фондови. Тука има и очигледен криминал, но дури и кога сѐ е чисто, подебелиот крај го извлекуваат станарите на продадените станови. Еделтраут Вуде има 72 години, поради болест живее во приземјето на една зграда на Тиманштрасе во Берлин. Нејзината ќерка живее во истата улица, па така често ја посетува. Тука живее од 2011 година и токму пред овој Божиќ добила „честитка“ од комуналната управа: и нејзиниот стан го променил сопственикот и сега еден инвестициски фонд е нејзиниот газда. За госпоѓата Вуде тоа може да значи само едно: инвеститорот сигурно ќе…