ИНТЕРЕСНО

Компанијата за е-спортови Skillz објави дека десеттемина најдобри професионални играчи имаат освоено над 8 милиони долари во 2018 година. Уште поинтерсно, седум од нив се жени. Наградните фондови кои тие ги поделиле во изминатата година, се три пати поголеми од она штого заработиле врвните играчи во 2017 година. Тоа е добар знак за растот на е-спортот во позадина на мобилниот гејминг, кој се проценува на 70 милијарди долари . Како што индустријата за игри расте, така и наградите за професионалните натпреварувања. Така на пример во 2018 година на престижниот турнир DotA 2 International, беа поделени 25 милиони долари, што е…
Побарувачката за злато во Кина е зголемена за 5,73 % на годишно ниво, и достигна 1.151,43 тони во 2018 година. Како причина за растот се посочува зголемната побарувачка на домашниот пазар со што државата остана по тој критеруим на прво место веќе шеста година по ред, јави Радио Кина. Побарувачката на злаен накит е зголемена за 5,71 % и е на ниво од 736,29 тони додека на златни прачки е зголемено за 3,19 % – односно 285,2 тона. Побарувачката на злато за индустриски и други цели е зголемено за 17.48% – 105,94 тони. Минатата година производството на злато во Кина…
Што ѝ е потребно на Македонија за да се позиционира на светската блокчеин сцена? Имаме ли конкретни предлози за интензивирање на процесите во оваа сфера во земјава?Каде би можел да нѐ однесе капацитетот што постои во блокчеин технологијата? Ова се главните прашања кои ќе бидат адресирани на првата средба иницирана од Блокчеин хабот Македонија, (дел од Европскиот блокчеин хаб), која ќе се случува утре, 1 февруари, во Амфитеатарот на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со старт во 18 часот – под мотото: „Замислете го светот за 10 години од денес. Како изгледа? Овозможен од блокчеин!“. Целта на…
Македонија се наоѓа на 59-тото место од вкупно 128 земји на листата на најбезбедни земји во светот која ја прави списанието „Глобал Фајненс“. Со рејтинг од 10,24, земјава се наоѓа некаде околу светскиот просек од државите рангирани во анализата. Списанието комбинира статистички податоци од Светската Банка и Глобалниот институт за мир. Рејтингот на секоја земја се пресметува низ три фактори – „војна и мир“, „лична безбедност“ и „ризик од природна катастрофа“. Од земјите во регионот, најбезбедна земја е Словенија (12 место), па Хрватска (22), Бугарија (42), Босна и Херцеговина (56), Грција (57), додека Србија (58) е едно место пред Македонија. Полош резултат од…
Главниот град на Тајланд, Бангкок, кој има проблем со загадувањето на воздухот слично како и Скопје, со штетните честички почна да се бори со водени топови и водни дронови. Надлежните користеа мала флота од дронови, кои распрскуваа како капки дожд, и на тој начин ги лепат и преземјуваат штетните честички. Водените топови пак исфрлаат силни млазови вода, кои потоа се распрскуваат како капки, имитирајќи дожд.  Ефектите од мерките се уште се мерат, но жителите на Тајланд го импресионираа светот со својата решеност да се справат со загадувањето.
Келн еднаш годишно станува еден вид главен град на производителите на слатки. Годинава на едно место се собраа 1.660 излагачи од повеќе од 70 земји. Меѓу нив и седум од Македонија. Саемот за слатки ИСМ е најголем саем на оваа индустриска гранка во светот. За излагачите од Македонија - голема шанса, но и можност да се задржат работниците во земјата.  „Витаминка е многу посакуван работодавач во Македонија. Ние сме социјално одговорна компанија и знаеме дека вработените се нашето најголемо богатство. Се трудиме да ги задржиме не само во однос на примањата, туку и на други бенефити кои ги имаат во Витаминка.…
Витаминот Д заради своето значење е ставен на списокот на есенцијални лекови на Светската здравствена организација. Овој витамин е суплемент кој не можеме да го најдеме во повеќето намирници, а исклучок се рибите и производите кои вештачки се обогатени со неговото присуство. Всушност витаминот Д нема многу заеднички работи со останатите витамини, бидејќи се синтетизира со организмот, за што е неопходна сончева светлина. Еден од најпознатите и најдобри ефекти од неговото присуство во организмот е зацврстување на коските. Остеопорозата, остеопенијата, детскиот рахитис и остеомалација кај возрасни обично се поврзани со ниско ниво на витамин Д, и во овој случај, земајќи…
Паладиумот беше металот кој најдобро се претстави во 2018-та година. Тој не само што поскапе значително, но дури сега е поскап и од злато, што се немаше случено од 2002-ра година. Кој метал, сепак, ќе има најдобри шанси да им донесе на инвеститорите добар принос во 2019-та година? Материјалот од „Bloomberg“ укажува дека тоа може да биде среброто. Главната причина е растечкиот недостаток на металот. Среброто поскапе со 9,1% во декември, што беше најдобар месец по речиси 2 година. Вкупно 11 трејдери и аналитичари, со кои „Bloomberg“ разговараше, наведуваат дека цената во 2019-та година може да се зголеми до 17.50…
„Ferrari“ потвторно се врати на лидерската позиција на „најсилен бренд“ во светот. Ова го покажува годишното рангирање на „Brand Finance“. „Црното коњче“ повторно е највлијателниот симбол во светот, успевајќи да се бори против конкуренцијата од 500 брендови со најголемата економска вредност. „Ferrari“ се врати на врвот на листата по пет години отсуство. Факторите, кои ја засилуваат позицијата на „Ferrari“, се важните инвестиции за создавање на 15 нови модели, од кои некои хибридни, како и фактот дека уште во мај минатата година била продадена целото производство на компанијата за 2018-та година и дел од производството за 2019-та година. „„Ferrari“ ги остави…
Хонг Конг деветта година по ред го држи приматот на најмалку достапен пазар за домување во светот, јавува South China Morning Post. Едно семејство во Хонг Конг во просек треба да заштеди 21 година без да потроши ниту еден долар за да може да си дозволи дом во градот, покажуваат истражувањата. Тоа е и најдолгиот период на заштеда во историјата, победувајќи го претходниот рекорд од 19,4 години, исто така на Хонг Конг. Зад Хонг Конг се најде Ванкувер, каде што на жителите на овој град им се потребни 12,6 години да заштедат за да имаат доволно пари за сопствен дом.…