Амазон им плаќа по 5.000 долари на вработените кои сакаат да си заминат

Вторник, 10 Март 2020 10:08 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Компанијата Амазон има решение за работниците кои не сакаат повеќе да работат во таа компанија, ги стимулира да заминат со тоа што им дава пари ако решат да го направат тоа.

Еднаш годишно, Амазон на вработените во дистрибутивните центри им нуди до 5.000 долари да ја напуштат компанијата. Вработените имаат право на тоа по година дена работа во компанијата, но под услов оние кои ќе ја прифатат понудата никогаш повеќе да не се вратат да работат во Амазон.

“Сакаме во Амазон да бидат оние кои навистина сакаат. Долгорочно гледано, останувањето некаде каде не сакате да бидете не е здраво ни за работникот ни за компанијата“, соопшти портпаролката Мелани Ичиз.

Амазон нуди 2.000 долари на вработените кои во компанијата поминале година дена и дополнителни 1.000 за секоја година, до максимални 5.000 долари.

Amazon тврди дека не сака навистина работниците да ја прифатат понудата, а насловот на меморандумот гласи: “Ве молиме не ја прифаќајте оваа понуда“.