Британија инвестира во суперкомјутер за прогноза за времето

Понеделник, 17 Февруари 2020 12:01 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Британската Влада планира да инвестира 1,6 милијарди американски долари за создавање на најмоќниот суперкомпјутер во светот за да обезбеди попрецизни прогнози за времето и за климата.

Новиот суперкомпјутер ќе помогне попрецизно да се предвиди невреме, да се изберат најсоодветните локации за објекти за заштита од поплави и да се предвидат глобални климатски промени. Исто така, ќе се обезбедат подобри временски прогнози за аеродромите, како и подетални информации за енергетскиот сектор.

Сегашните суперкомпјутери на британската метеоролошка служба ќе бидат во употреба до крајот на 2022 година. Воведувањето на новиот суперкомпјутер ќе ја зголеми шест пати компјутерската моќ достапна на британските метеоролози, соопшти Владата.