Канадската фирма пронашла злато на тромеѓето меѓу Макеоднија, Србија и Бугарија

Петок, 07 Февруари 2020 07:26 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Канадската истражувачка фирма „Медголд рисорсис“, која претходно навести дека во јужна Србија, по должината на границата со Бугарија и Македонија, пронашла одлични индикатори дека во тој крај има богати наоѓалишта на скапоцени метали во областа, сега ги потврди тие резултати, пренесува „Новости“.

Само на една локација во рамките на проектот наречен „Тламино“ тие пронајдоа речиси седум милиони тони руда, со приближно 680.000 унци, односно 19,3 тони злато, вредни нешто повеќе од една милијарда долари, а испитувањата во областа продолжуваат и понатаму.

Како што е утврдено, просечната содржина на злато на локацијата е околу три грама на тон.

Инаку, како дел од проектот „Тламино“, „Медголд рисорсис“ открил и слој руда од 40-ина метри, кој содржи 8,32 грама злато на тон и неверојатни 193 грама сребро на тон.