Град лежи на 72.000 тони дијаманти, но не може да се збогати

Четврток, 23 Јануари 2020 15:02 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Жителите на малиот град Нердлинген во Германија знаат дека живеат на тони дијаманти, но немаат намера да го срушат за да се збогатат.

Нердлинген кој се наоѓа во Баварија беше изграден врз дијаманти кои датираат пред 15 милиони години, кога астероидот ја погоди Земјата.

Геолозите проценуваат дека ширината на астероидот била еден километар, исто како денешниот Нердлинген, и тежел околу три милијарди тони. Ударот ја зголемил температурата и притисокот што било доволно за да се создаде мешавина од стакло, кристали и дијаманти, односно суевит.

Според медиумите околу 72.000 тони дијаманти се наоѓаат во областа Нердлинген. Кога милиони години подоцна пристигнаа првите жители, тие дури и не знаеја дека ги градат своите домови на вредна почва.

Со години се веруваше дека потеклото на кратерoт е вулканско, сè додека не се потврди дека е астероид во 1960 година. Суевитот се користеше како градежен материјал, без идеја дека е составен од ситни дијаманти.

Така, црквата Свети Џорџ и средновековните sидови во Нердлинген се многу повредни отколку што би можеле да се забележат на прв поглед. Иако количината на дијаманти е огромна, жителите не би можеле да добијат добра цена за нив затоа што се помали од 0,2 милиметри, така што немаат намера да го срушат градот за дополнително да се збогатат.

Меѓутоа, германскиот град профитира поинаку, туристите доаѓаат од целиот свет за да ја видат блескавата архитектура и да го посетат музејот „Рис кратер“, во кој се сместени примероци од кратерот кој е направен од астероидот.