Директорот на „Боинг“ по отказот ќе добие отпремнина од 62 милиони евра

Понеделник, 13 Јануари 2020 15:00 Напишано од  Објавено во ИНТЕРЕСНО

Извршниот директор на „Боинг“, Денис Муиленбург, кој беше отпуштен по кризата со моделот „737 макс“, ќе добие отпремнина од 62 милиони долари.

Муиленбург беше отпуштен во декември по кризата со авионите „737 макс“ и по две фатални несреќи во кои загинаа 346 лица за пет месеци.Тој ќе изгуби 14,6 милиони долари во акции, но има право на речиси 62 милиони долари пензии и бонуси, сооошти компанијата.

Авионите „737 макс“ беа приземјени во март, што ја чинеше авиокомпанијата повеќе од една милијарда американски долари, ја запре продажбата на нови авиони и го запре производството на тие авиони во „Боинг“.